Наградата од Британското друштво на кинематографери е круна на 45- годишната работа на ИФФК „Браќа Манаки“, кажа директорот Мони Дамевски

Date:

На први февруари на свеченост во Лондон, Британското друштво на кинематографери, едно од двете најпрестижни во светот, со 420 членови, го награди нашиот фестивал на филмска камера „ Браќа Манаки“, со специјална награда за постигнување во светската кинематографија. Ова награда е круна на 45- годишната работа на фестивалот, кажа директорот Симеон- Мони Дамевски. Според него, Британското друштво на кинематографери е многу среќно со тоа што тие го прават во Битола. Наградата се однесува и на Друштвото на филмски работници на Македонија, кое е еден од главните основачи на фестивалот „ Браќа Манаки“, и го избира неговиот директор, дополни Дамевски.

  • Оваа награда е резултат на 45 години работа, на генерации работа на „ Манаки“, која што практично е крунисана сега. Имаат причина зошто решиле сега да ни ја дадат, тоа ќе морате нив да ги прашате. Меѓутоа, е големо признание за нас. Оваа награда не знам дали ја има добиено некој друг фестивал во светот. Тие се многу среќни со тоа што го правиме овде, особено последниве години, во промоцијата на кинематографската уметност. Зашто ние многу вложуваме последниве 2-3 години во ПР-от и во тоа да се види надвор во светот, што се случува овде, кажа Симеон- Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „ Браќа Манаки“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Израелскиот модел против високите цени конечно и во Хрватска: Владата испрати нов закон во итна постапка

Хрватската Влада во итна собраниска процедура го испрати нацрт-законот...

Барање: Бугарските трговци без одлагање да достават информации за проверката на цените

„Ги повикувам синџирите и другите економски оператори кои тргуваат...

Како експертите ја оценуваат ефикасноста на бојкотирањето на трговските синџири?

По еднодневниот бојкот на пет големи трговски синџири, здруженијата...

Во јануари царинските приходи со раст од 321,7 милиони денари

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки...