Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева

Date:

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.

На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство. 

Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што рекоа, убиството го извршил при семејно насилство, односно фемицид.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници.

Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што  дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

МИА тогаш информираше и за ставот на невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство, согласни дека ова убиство е фемицид.

Жртвата претходно пријавувала насилство, но постапката против Зејнелов кој го изврши убиството има запрено на 2 септември 2024 година, за што тогаш потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип.

Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип изјави дека подолг временски период бараат законски измени со цел кривичното гонење против насилникот да оди по службена должност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Израелскиот модел против високите цени конечно и во Хрватска: Владата испрати нов закон во итна постапка

Хрватската Влада во итна собраниска процедура го испрати нацрт-законот...

Барање: Бугарските трговци без одлагање да достават информации за проверката на цените

„Ги повикувам синџирите и другите економски оператори кои тргуваат...

Како експертите ја оценуваат ефикасноста на бојкотирањето на трговските синџири?

По еднодневниот бојкот на пет големи трговски синџири, здруженијата...

Во јануари царинските приходи со раст од 321,7 милиони денари

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки...