Дома Економија Ќе добијат ли јавните претпријатија, училиштата, болниците поевтина струја- денеска од ЗЕЛС...

Ќе добијат ли јавните претпријатија, училиштата, болниците поевтина струја- денеска од ЗЕЛС на средба во министерството за енергетика

0
131

Денеска во министерството за енергетика ќе се одржи средба со управниот одбор на ЗЕЛС на која покрај другите теми ќе се разговара и за тоа како може да им се помогне на јавните комунални претпријатија, училишта, болници да добуваат поветина струја.

Пред извесно време околу 90 јавни комунални претпријатија побараа ЕСМ да им испорачува струја по цена како за домаќинства , односно по 62 евра за мегават час.

Голем дел од државните институции поради ненавремено склучување на договор, потоа се приморани да добиваат струја од таканаречен снабдувач во краен случај која е значително поскапа од онаа која би ја добивале  со прертходно склучен договор. Овој проблем со години се провлекува и досега ниту една владата не побарала одговорност ниту пак некој одговарал затоа што се трошат државни пари за да се плаќа скапа струја поради ненавремено случен договор.

Пред извесно време од министерството за енергетика соопштија дека се разгледува проблемот и можно е да се формираа посебни пакети за струја со подобри цени.

За време на енергетската криза пак, многу општини и компании со големи профити  за да ги избегнат високите цени на струјата на отворен пазар, најдоа начин да трошат електрична енергија наменета за домаќинствата. Од Регулаторна тогаш апелираа, да се вратат на отворен пазар каде по закон треба да се снабдуваат, за да не се направи притисок на цената за граѓаните.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде